Фудбал
Повредени дваесетина навивачи на Лил
Натпреварот од француската Лига 1 меѓу екипите на Амиен и Лил беше прекинат поради кршење на заштитната ограда на трибината каде беа поставени навивачите на гостинската екипа.
Инцидентот се случи во 15 минута кога оградата попушти под притисок на навивачите Лил, кои го прославуваа голот на Бало Тире.
Повредените лица беа евакуирани со брза помош. Француските медиуми објавија дека 18 лица беа повредени, од кои тројца сериозно.
Средбата не е продолжена и не се знае кога ќе се доигра.