Connect with us

Фудбал

Повторно хаос со ВАР на мечот на Реал Мадрид: Дали е оштетена Гранада за пенал? (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид во моментов играат на домашен терен против Гранада во мечот од 15. коло во Ла Лига.

Кралскиот клуб поведе со 1: 0 откако Касемиро успеа да погоди во 57. минута.

Истиот играч беше во центарот на вниманието во самиот финиш на првиот дел. Гостите тогаш побараа пенал откако Касемиро фаулираше еден од играчите на Гранада, но судијата замавна со рацете.

Забавената снимка покажа како Касемиро го влече гостинскиот играч, но од просторијата ВАР почувствуваа дека тоа не е пенал.

Секако, веднаш се крена голема прашина бидејќи одлуката во корист на Реал Мадрид беше дискутабилна и за викендот. Погледнете ја контроверзната ситуација од вечерашниот натпревар и проценете сами дали тоа беше пенал или не.