Connect with us

Фудбал

Повторно одржана ждрепката: Погледнете ги осминафиналните парови во Лигата на шампионите!

УЕФА денеска по втор пат ја одржа ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите откако првиот обид не беше регуларен.

Поради скандалот со топчето на Манчестер Јунајтед, УЕФА на крајот ја поништи првичната ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите која се одржа во 12 часот, а беше донесена одлука денеска во 15 часот да се одржи нова.

УЕФА за се ги обвини „надворешните сили“, а од таму велат дека се уште не им е јасно што не е во ред и дека единствена опција е да се повтори ждрепката.

Ваквата одлука е донесена по притисок од некои клубови, а тоа најмногу се однесува на Атлетико Мадрид.

Потсетуваме, во ждрепката играа Ајакс, Баерн, Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Лил, а неносители беа ПСЖ, Интер, Атлетико Мадрид, Спортинг, Салцбург, Челзи, Виљареал и Бенфика.

По новата ждрепка, одлучено е во осминафиналето од Лигата на шампионите да се сретнат:

Салцбург – Баерн

Спортинг – Манчестер Сити

Бенфика – Ајакс

Челзи – Лил

Атлетико Мадрид – Манчестер Јунајтед

Виљареал – Јувентус

Интер – Ливерпул

ПСЖ – Реал Мадрид

Првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите ќе се играат на 15 и 16 и на 22 и 23 февруари, а реваншите се закажани за 8 и 9 март, односно 15 и 16 март следната година.