Тајмаут
Повторно проблеми во рајот, Ванда му повикала полиција на Мауро Икарди
Фудбалерот на Галатасарај Мауро Икарди (31) е во голема брачна криза. Тој е оженет со сонародничката, Аргентинката Ванда Икарди, која извесно време беше и негов агент и наводно го договорила неговиот трансфер од Интер во Галатасарај. Но, нивната врска не функционира долго време и парот минува низ болен процес на развод.
Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пишува дека Ванда предизвикала нов инцидент бидејќи сакала да го исфрли својот сопруг од нивниот дом во Буенос Аирес. Таа повикала полиција и им рекла веднаш да ја претресат куќата бидејќи во неа имало оружје. Аргентинската полиција упаднала во куќата, но не нашла ништо, но Икарди морал да се пресели кај пријател додека трае потрагата. Аргентинскиот напаѓач освен за Галатасарај играше и за ПСЖ, Интер и Сампдорија. Беше капитен во Интер и постигна 124 гола за тој клуб. Одлично му оди и во Турција каде минатата сезона постигна 33 гола. Ове веќе некое време е повреден, па ги пропушта натпреварите додека целосно не закрепне.