Фудбал
Повторно скандал во Африка: Ова е најновата надеж на Камерун, има 17 години (ВИДЕО)
Сведоци сме на бројни скандали поврзани со возраста на спортистите од Африка во последните години, а “Црниот“ континент го потресе нова полемика во пресрет на Африканскиот куп на нации во фудбал.
Социјалните мрежи се „горат“ поради фотографиите на новата „млада“ надеж на репрезентацијата на Камерун, Вилфред Нејтан Дуала, кој доби покана за националниот тим пред големото натпреварување.
Верувале или не, Камерун тврди дека Дуала има само 17 години, иако врз основа на неговиот изглед е сосема јасно дека тоа не е така.
17-year-old Wilfried Nathan Douala has been called up by Cameroon for AFCON.
He plays for Cameroonian club, Victoria United. pic.twitter.com/vhzEgToPqR
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) December 28, 2023
„Тој има 17 години само во затвор“, е еден од коментарите на социјалната мрежа Твитер.
Wilfried Nathan Douala🔥🔥🔥. pic.twitter.com/bREZtHEmWq
— Coach Vilanova📰🇬🇭🇬🇭🇬🇭 (@ayitey_derrick) December 28, 2023