Connect with us

Фудбал

Повторно црни облаци над Јувентус, обвинителот на ФИГЦ бара одземање на 11 бодови, одлуката до крајот на денот?!

Обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) повторно се заложи за казнување на Јувентус и неговите поранешни менаџери.

Обвинителот бара на „старата дама“ да и се одземат 11 бода, поради лажни сметководствени податоци.

Конечната одлука би можела да биде донесена во текот на денот или утре.

За потсетување, Јувентус и неговите поранешни челници беа обвинети за вештачки надувување на приходите од трансфери што доведоа до капитални добивки, но одбраната тврдеше дека тие за три години изнесувале 60.000.000 евра, односно само 3,6 отсто од неговите приходи.

Исто така, медиумите дознаваат дека обвинителот Џузепе Чине побарал суспензија од осум месеци за Павел Недвед.