Connect with us

Фудбал

Поздрав од врвот, Милан преку Лацио до лидерското место, на потег е Интер (ВИДЕО)

Милан на домашен терен со 2:0 го совлада Лацио во дербито на денот во италијанската Серија А. Пулисиќ во 60-та и Окафор во 88-ма минута беа стрелци на головите. Со оваа победа Милан изби на лидерското место со 18 бодови, три повеќе од градскиот ривал Интер од кој пред само две недели загуби со 5:1. Интер е на потег, вечерва гостува кај Салернитана, но останува да се види дали „Нероаѕурите“ се опоравиле од шокот кој во минатото коло им го приреди Сасуоло кога со 2:1 славеше на „Џузепе Меаца“ и им го прекина перфектниот учинок „пет од пет“ во новата сезона.


Standings provided by Sofascore