Фудбал
Познат датумот на пресметка меѓу Џошуа и Фјури за апсолутен светски шампион
Ентони Џошуа и Тајсон Фјури конечно се договорија за датумот на големата пресметка за апсолутниот светски шампион во тешка категорија.
Пресметката меѓу двата британци во тешка категорија ќе се одржи на 14 август во Саудиска Арабија, а богатите финансиери на борбата ќе изградат посебен стадион за овој натпревар.
Оваа вест ја потврди реномираниот промотор Еди Херн за „Sky Sports“.
„Тие сакаат да изградат нов стадион, но имаат и опции за борба во салата. Тие сакаат да направат нешто посебно. За натпреварот против Енди Руиз, тие изградија стадион со капацитет од 18,000 гледачи за седум недели. Нешто слично ќе се случи сега. Тие сакаат да направат нешто што ќе го шокира светот. Тие се подготвени да го направат стадионот специјално за оваа борба“, рече Херн.
?️ "THEY WANT TO BUILD ANOTHER STADIUM" ?️@EddieHearn gives an update on the venue for the @anthonyjoshua @Tyson_Fury fight and says that they want to create something very special ?? pic.twitter.com/iGOmyMxM9q
— Sky Sports Boxing (@SkySportsBoxing) May 13, 2021
Значи, ако нема непредвидени околности, ќе го добиеме апсолутниот светски шампион во тешка категорија на 14 август.
Фјури моментално ја носи титулата светски шампион на ВБЦ, додека Џошуа ги има појасите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. На 14 август, еден ќе ги добие сите.
Џошуа во својата кариера има направено 25 борби. Тој победи во 24 од нив, од кои 22 со нокаут. Има еден пораз од 2019 година кога беше шокиран од Енди Руиз.
Од друга страна, Циганскиот крал има 31 борба и сооднос од 30 победи и едно реми.