Фудбал
Познат главниот судија за мечот Австрија-Македонија, ни судел еднаш, немаме пораз
На два дена до историскиот меч, УЕФА ги објави имињата на судиите за Австрија-Македонија. Правдата ќе ја дели Кристан Андреас Екберг, шведски судија кој има 72 интернационални мечеви.Ќе му асистираат Мехмет Чулум и Стефан Халберг, двајцата од Шведска исто така.
Екберг веќе ја делел правдата кога играла Македонија. Бил на центарот во квалификациите за ЕП во септември 2019-та кога на гостувањето кај Израел одигравме 1:1.