Фудбал
Познат противникот на Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите
Извршена е жрепката за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите во седиштето на УЕФА во Нион. Македонскиот претставник и шампион Шкендија за противник ја доби словенечката екипа Мура. Првиот меч ќе се одигра во Скопје, на 6-ти или 7-ми јули, додека реваншот ќе биде седум дена подоцна.
Ако Шкендија биде елиминирана од Мура, ќе ги продолжи натпреварите во квалификациите во Конференциската лига, новото натпреварување на УЕФА кое почнува од оваа сезона.