Поврзи се со нас

Фудбал

Познати деталите, напаѓачот утре на лекарски прегледи во Јувентус

Според пишувањата на шпанските медиуми, Алваро Мората го пропуштил тренингот на Атлетико Мадрид, вечерва пристигнува во Торино, а за утре се закажани лекарски прегледи. Потоа, следува потпис за Јувентус, каде што играше пред неколку сезони.

Познати се и деталите, барем според медиумите. Наводно, Јувентус треба да плати 10 милиони евра за едногодишна позајмица, а потоа со можност, но не и обврска да го откупи неговиот договор за 45 милиони.

Воедно, има клаузула која вели дека Јуве наместо откуп следното лето може да ја продолжи позајмицата за дополнителни 10 милони евра, но на крајот ќе треба да го откупи за 35 милиони.

Да потсетиме, Јуве го донесе Мората во 2014-та година од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но во 2016-та, Перез ја активираше клаузулата и за 30 милиони го врати во Мадрид. Сепак, брзо потоа го продаде на Челзи за 66 милиони.

 

Advertisement

Facebook

Реклама