Connect with us

Ракомет

Познати сите полуфиналисти на СП за ракометарки

Норвешка со убедливи 34:17 ја победи Русија во последниот четвртфинален дуел на женското Светско ракометно првенство и се пласира во полуфиналето.

Претходно место меѓу најдобрите четири селекции на планетарниот собир обезбедија Холандија, Франција и Шведска.

Полуфиналните мечеви ќе се играат утре во Хамбург. Двојките се:

Холандија – Норвешка (почеток 17:30 часот) и

Шведска – Франција (20:45 часот).