Фудбал
Познати сите учесници во групната фаза од ЛШ

Со вечерашните победи во плеј-офот, екипите на Ајакс, Бриж и Славија Прага, се последните три учесници во групната фаза од ЛШ.
Ајакс славеше над АПОЕЛ со 2:0, Бриж над ЛАСК Линц 2:1, и Славија над Клуж 1:0, со што ги завземаа последните места во групната фаза.
Сега се комплетирани сите шешири, а ждрепката е утре во 18 часот во Монте Карло.
И македонскиот фудбал ќе има двајца претставници, и тоа Елиф Елмас со Наполи и Аријан Адеми со Динамо Загреб.
ПРВ ШЕШИР: Ливерпул, Челзи, Барселона, Манчестер Сити, Јувентус, Баерн Минхен, Зенит, ПСЖ.
ВТОР ШЕШИР: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Наполи, Шахтјор Доњецк, Тотенхем, Ајакс, Бенфика.
ТРЕТ ШЕШИР: Лион, Баер Леверкузен, Салцбург, Олимпијакос, Бриж, Валенсија, Интер, Динамо Загреб.
ЧЕТВРТ ШЕШИР: Локомотив Москва, Генк, Галатасарај, Лајпциг, Славија Прага, Црвена Звезда, Аталанта, Лил.