Фудбал
Познати составите за дербито меѓу Интер и Наполи
Интер и Наполи играат големо дерби вечерва на „Меаца“ во рамките на 13. коло од италијанската Серија А.
По репрезентативната пауза продолжија натпреварите во првенствата ширум Европа, а од 18 часот не очекува големото дерби меѓу Интер и Наполи.
Наполи моментално е прв со 32 бода и вечерва има шанса да ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Милан, но сигурно нема да му биде лесно.
Интер, пак, е трет со седум бода помалку од Наполи и јасно е дека ова е можност да ја намали предноста вечерва.
Натпреварот на „Меаца“ се игра од 18 часот, а Симоне Инзаги и Лучијано Спалети ги објавија почетните состави.
Интер: Хандановиќ, Шкриниар, Ранокија, Бастони, Перишиќ, Чалханоглу, Брозовиќ, Барела, Дармијан, Кореа, Лаутаро.
Наполи: Оспина, Ди Лоренцо, Рахмани, Кулибали, Руи, Руиз, Ангуиса, Зиелински, Инсиње, Лозано, Осимен.