Connect with us

Фудбал

Познато е дали Салах ќе игра против Русија

Русија и Египет денеска ќе го отворат второто коло на Мундијалот со почеток во 20:00 часот.

Русите ја совладаа Саудиска Арабија 5-0 во првиот натпревар, а Египет беше поразен од Уругвај 0-1. Со оглед на сегашната гол разлика, на Египќаните бод не му значат ништо и ќе мора да одат на победа.

Селектор Хектор Раул Купер потврди дека Мохамед Салах ќе биде подготвен за натпреварот против Русија.

“Салах е подготвен. Јас сметам на него 100%. Само ако не се случи нешто не предвидено, но тој е спремен и ќе ни биде од голема помош. Знаеме дека само победа не остава во трката за осмина финале “, рече селекторот на Египет.