Connect with us

Фудбал

Познато е дека Меси шета низ теренот за да ги задржи силите, но видеото од ПСЖ изгледа навистина тажно

Лионел Меси летово ја напушти Барселона и реши кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Меси целата своја кариера ја помина во дресот на каталонскиот клуб и сакаше да остане во Барселона, но клубот едноставно не можеше да му понуди нов договор поради финансиската криза.

Како резултат на тоа, Меси беше принуден да го напушти Камп Ноу и реши да потпише двегодишен договор со ПСЖ.

Многумина очекуваа спектакуларна партија од Париз бидејќи имаат навистина неверојатен тим, но на теренот не им оди така „мазно“ како што очекуваа.

Меси се уште се мачи да се прилагоди на новиот тим, а видеото од последниот натпревар против Лил изгледа навистина тажно.

Познато е дека Меси шета низ теренот во добар дел од играта и не помага премногу во одбраната, но тоа го прави за да заштеди сила за напади во кои е навистина смртоносен.

Но, на мечот против Лил во една акција тој едноставно застана во место и изгледаше целосно изгубено на теренот. На многумина им е жал што го гледаат Меси во ова издание, а како што сега стојат работите изгледа дека заминувањето во ПСЖ не беше најдобриот потег за него.