Connect with us

Фудбал

Познато е каде Бензема ќе ја заврши кариерата, не е Реал Мадрид?!

Карим Бензема е еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид во изминатите неколку години. Французинот е член на „Кралскиот“ тим од 2009-та година. Кариерата ја почнал во младинските категории на Лион, па преку првиот тим стигна до Мадрид и голема фудбалска ѕвезда.

Доколку може да му се верува на Жунињо, спортски директор на Лион, наскоро се очекува кам-бек на Бензема во клубот во кој поникнал и ја доживеа афирмацијата во одличен напаѓач. Токму каде што започна, се очекува Бензема да се пензионира.

Сите во Лион сонуваат да се врати Бензема и ние сакаме да игра една или две сезони во нашиот клуб пред да се збогува. Чекаме вистински момент да му го претставиме нашиот проект”, изјави Жунињо, спортски директор на Лион.

Бензема има 32 години и сигурно дека во своите нозе има уште 2-3 сезони на високо ниво.