Connect with us

Фудбал

Познато е кога Ибрахимовиќ повторно ќе биде на теренот

Златан Ибрахимовиќ треба да се приклучи на тренинзите на Милан со остатокот од тимот од четврток.

Ибрахимовиќ се уште не е целосно опоравен од повредата на Ахиловата тетива, но се верува дека тој ќе биде во тимот следната недела кога тимот ќе се натпреварува со Порто во Лигата на шампионите.

Искусниот напаѓач го пропушта дуелот со Верона на „Сан Сиро“ во неделата, но потоа 2-3 дена подоцна се очекува да биде во составот за важен натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите.

Швеѓанецот неодамна наполни 40 години и се уште нема намера да престане да игра, а во Милано со нетрпение чекаат повторно да се најдат на теренот.

Ибрахимовиќ одигра само еден натпревар од почетокот на сезоната во Серија А, постигнувајќи гол за победа на Милан против Лацио на 12 септември.