Connect with us

Фудбал

Познато е кој ќе го суди финалето помеѓу Аргентина и Франција

Полскиот судија Шимон Марчинијак ќе биде главен судија на финалето на Светското првенство. Правдата во полуфиналето ја делеа Италијанецот Даниеле Орсато и Мексиканецот Цезар Артуро Рамос, па довербата за најголемата партија на Марчинијак му ја даде првиот човек на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

На овој турнир судеше два меча и на двата на кои учествуваа финалистите. Прво на Французите против Данска во групната фаза, а потоа и на Аргентинците во осминафиналето против Австралија.