Фудбал
Познато е која е најголемата желба на Мурињо, но се чини дека тоа е невозможна мисија за Рома
Рома пред неколку дена потврди дека Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на овој клуб следната сезона.
Челниците на римскиот клуб одлучија да не го продолжат договорот со Фонсека, кој ќе биде слободен агент на лето, на крајот на оваа сезона. Главната причина се лошите резултати, но и фактот дека успеаја да се договорат со Мурињо.
Мурињо се враќа на Апенините по 11 години и ја прифати понудата на Рома во која сигурно го чека голем предизвик. Португалецот нема да биде долго без работа откако пред неколку недели доби отказ во Тотенхем.
Јасно е дека португалскиот стручњак го очекува голема работа во Рома, и тој треба да биде официјално претставен веќе на почетокот на јули.
Мурињо веќе прави планови за новата сезона во Рома и сигурно ќе направи некои промени во играчкиот кадар. Тој сака од позајмица да се вратат Џастин Клаиверт, Џенгиз Ундер и Робин Олсен, но има намера да донесе и неколку нови засилувања.
Главниот проблем на Рома оваа сезона беше одбраната, но и фактот дека голманите Пау Лопет и Антонио Миранте навистина не блескаа. Мурињо веќе одлучи дека на Рома и треба нов голман и јасно е која му е прва желба.
Италијанските медиуми денес објавија дека Мурињо има желба клубот да се обиде да го донесе Давид де Геа од Манчестер Јунајтед на лето, иако тоа веројатно ќе биде невозможна мисија.
Мурињо смета дека Де Геа би било најдобро можно засилување на голманската позиција, но прашање е дали Шпанецот сака да ги напушти „Црвените ѓаволи“ и да ја продолжи кариерата во дресот на „Волчицата“.