Connect with us

Фудбал

Познато е зошто тинејџерот на Барса секој натпревар го игра со одврзани врвки

Фудбалерите на Барселона синоќа на домашен терен го победија Еспањол со 1:0 во дебито на Чави Ернандез на клупата на каталонскиот клуб.

Чави дебитираше како тренер во клуб каде ја помина речиси целата своја играчка кариера. Барселона иако не воодушеви со својата игра, на крајот успеа да дојде до три бода против градскиот ривал.

Како што вети, Чави им даде шанса на повеќето играчи кои пораснаа во Ла Масија, а во тимот имаше и неколку тинејџери.

Еден од нив е 17-годишниот Гави, кој дебитираше во каталонскиот клуб на почетокот на оваа сезона и веќе стана стандарден член на првиот тим на Барселона откако одигра неколку одлични натпревари.

Гави поради одличните игри се избори и за место во шпанската репрезентација и стана еден од најмладите играчи кои настапувале во дресот на Црвената фурија.

17-годишникот покажа зошто многумина велат дека ќе биде вистинскиот наследник на Андрес Иниеста, но тој се најде во центарот на вниманието поради интересната работа што ја прави на секој натпревар.

Имено, многумина пред неколку недели видоа дека Гави игра одврзани врвки на натпреварите, а токму на синоќешниот натпревар против Еспањол камерманот во еден момент ги покажа копачките со одврзани врвки.

На многумина на почетокот не им беше јасно зошто Гави игра така и дали тоа е само случајност, но сега е јасно дека не е затоа што тоа се повторува некое време од натпревар во натпревар.

Шпанските медиуми утринава објавија дека Гави не игра со одврзани врвки затоа што копачките му се неудобни, туку дека тоа стана еден вид ритуал за неговата среќа, а интересно е што одврзаните врвки на неговите копачки не му претставуваат никаков проблем.

Гави се уште не се огласил на оваа тема, но очигледно е дека младиот играч за врска на Барселона смета дека одврзаните врвки од копачките му носат малку среќа на натпреварите.

За каталонскиот клуб досега одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, а за шпанската репрезентација забележа четири настапи откако дебитираше за неа на 6 октомври годинава.

Реклама

Facebook

Реклама