Фудбал
Познато кога Роналдо ќе ја донесе одлуката
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо е подготвен да донесе одлука.
Роналдо има договор со Јувентус до летото 2022 година, а шпанските медиуми последните недели пишуваа за можно враќање на Португалецот во Реал Мадрид.
Според Тутоспорт, Роналдо пред мај ќе го извести раководството на Јувентус за неговите намери, односно каде планира да ја помине следната сезона.
Јувентус исто така планира да направи големи промени во тимот на крајот од сезоната, па затоа е важно за торинскиот клуб на време да открие дали Роналдо сака да остане или решил да ја смени средината по не многу добрата клупска сезона.
Јувентус, во случај на продажба на Роналдо, би бил олеснет затоа што не би морал да му плаќа голема плата, иако се верува дека на крајот 36-годишниот напаѓач ќе реши да остане во Јувентус до крајот на неговиот договор.
Покрај Реал, Роналдо го бараат ПСЖ и Манчестер Јунајтед.