Фудбал
Правеше чуда со Лајпциг, сега седнува на клупата на најголемиот германски тим
Осум автори се потпишаа на текстот на Билд, во кој тврдат дека Јулијан Нагелсман, сегашен тренер на Лајпциг ќе биде нов кормирал на Баерн Минхен. Младиот стратег, кого го нарекуваат новиот Мурињо, правеше чуда со Лајпциг, сега ќе го предводи најголемиот германски тим. Како што тврди Билд, Баерн и Лајпциг се договориле за оштета од 20 милиони евра, со оглед на тоа дека Нагелсман има важечки договор.

Според договорот, Баерн веднаш ќе плати 15 милиони евра веднаш, а дополнителни пет милиони кога екипата ќе ја освои Бундеслигата со Нагелсман на клупата. Според „Билд“, работата е завршена доцна синоќа, а утринава е договорена динамиката на исплата на обесштетувањето. Суперлиталентираниот 33-годишен тренер ќе добие договор на пет сезони, што е доказ дека Баерн верува во неговите квалитети.