Connect with us

Фудбал

Празник за љубителите на фудбалот – Денешните натпревари не смеете да ги пропуштите

После николку месеци пауза конечно започнуваат првенствата во најголемите европски лиги, а во центарот на вниманието ќе бидат натпреварите од Англија, Италија, Шпанија и Франција.

Англичаните го „скршиа мразот“ минатито викенд, а денеска на распоредот се натпреварите од другото коло. Програмата ја отвараат Кардиф и Њукасел, но сигурно дека овој натпревар ќе биде во сенка на лондонското дерби. Во 18:30 денеска можете да го гледате натпреварот помеѓу Челзи и Арсенал. И двете екипи направиа доста промени ова лето и ќе биде интересно денеска да се виде кој ќе има поголем успех на „Стемфорд Бриџ“.

Сепак, сигурно е дека многумина со нетрпение го очекуваат почетокот на Серија А, односно дебито на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус. Тој ден конечно стигна затоа што Португалецот денеска ќе има шанса да настапи за „Старта дама“. Јувентус во првото коло од Серија А му гостува на Киево, а натпреварот се игра во 18 часот. Исто така големо дерби вечерва во првото коло играат Лацио – Наполи во 20:30 часот.

Денеска започнува првенството и во шпанската Ла Лига, но нема некое посебно дерби. Сигурно многумина очекуваат да го видат дебито на новата екипа на Барселона кој ќе стави точка на денешниот фудбалски ден. Барселона на свој терен го пречекува Алавес, а натпреварот ќе започне во 22:15 часот.

Исто така, денеска на распоредот е второто коло од француската Лига 1 и јасно е дека во прв план ќе биде Нејмар. ПСЖ  го отвора денешниот фудбалски ден на гостувањето кај Генгамп, а натпреварот ќе се игра во 17: часот. Ќе биде интересен и натпреварот Монако – Лил кој ќе започне во 20 часот.