Connect with us

Други спортови

Пред два месеци едвај преживеа, а сега ја имаше и првата борба

Пред точно два месеци спортскиот свет беше шокиран со веста дека познатата УФЦ борачка, Рејчел Остович, била претепана од својот сопруг, Арнолд Бердон, кој исто така е ММА борец.

Несреќната Рејчел искашлувала крв, па на крај завршила во болница, каде меѓу останатото и беше констатирана фрактура на јаболчната коска. Веднаш по немилиот настан се врати на борбите во кафез, бидејќи едноставно не сакала да се откаже.

  • Лежев во болница и размислував како да ја одработам таа борба. Бев скршена кога слушнав дека е откажана. Таква одлука донел мојот татко и сметам дека правилно постапил. Меѓутоа, ја посакував таа борба, ми беше потребна. Не сакав да се откажам. Ја одработив и се чувствувам како победничка, иако загубив, изјави по поразот со Пејџ ван Зант.

ММА борачот Брендон моментно се наоѓа во притвор од каде го чека судењето поради бруталното претепување на сопругата.

  • Ме претепа во текот на ноќта. Ме удираше по глава, лице, ребра… паднав на под. Повраќав неколку пати, искашлував крв. Се обидував некако да побегнам, а тоа го направив преку балконот. Целата бев крвава, јаболчницата ми беше кршена, истакна Остович.

На првото судење сопругот се бранел со тврдење дека токму таа го нападнала прва. Но, се појавило едно видео кое ќе биде клучот за расветлување на случајот. Имено, едем сведок го снимил целиот инцидент. Иако виеото е со лош квалитет, сепак ќе ги донеше потребните информации со кои ќе се расчисти случајот.

На видеото, кое не е достапно во јавноста, Брендон неколку пати вели дека ќе ја убие, додека таа го моли да престане да ја удира. Исто така е снимено и нејзиното бекство преку балкон. Била целосно гола и скокнала од три метри висина.