Фудбал
Пред неколку години беше на врвот на кариерата, сега „падна“ на дното
Веројатно малкумина се сеќаваат на Алесио Черчи. Тој воодушеви со неговите игри во дресот на Торино, а потоа во 2014-та година направи трансфер на кариерата потпишувајќи за Атлетико Мадрид за сума од 15 милиони евра. Од него многу се очекуваше, но во шпанскиот тим се задржа само половина година.
Потоа, се пресели во Милан, подоцна играше и за Верона, а во 2018-та потпиша за Анкарагучу во Турција, но играше таму само една година.
Минатата сезона ја помина во нисколигашот Сарлернитана. Но, овој 33-годишен фудбалер, продолжува да паѓа кон дното. Сега, љубителите на фудбалот ќе го гледаат во Серие Ц. Имено, тој потпиша за Арецо, кој е дел од Групата Б, во Серие Ц, а со нив потпиша тригодишен договор.