Connect with us

Фудбал

Пред три години со слики од Google на обезбедувањето во Милано докажуваше дека е фудбалер, а сега ќе игра за Интер

Пред два дена Интер и официјално потврди дека нов напаѓач е Маркус Турам, син на легендарниот Лилиан Турам, славен француски репрезентативец кој неколку години го носеше дресот на лутиот ривал на „Нероаѕурите“, Јувентус. За неговите услуги беше заинтересиран и Милан. Покрај овие два податоци, поради кои овој трансфер е интересен, има и уште еден момент.

Имено, Маркус Турам, пред три години во Милано на обезбедувањето мораше преку Гугл да покажува негови фотографии и да докажува дека е фудбалер. Сето ова се случуваше ден пред мечот од ЛШ помеѓу Интер и Борусија Менхенгладбах за кој настапуваше тогаш, кога Турам дојде на тренингот, но обезбедувањето не му поверува дека е фудбалер, па тој на интересен начин мораше да докажува.

Наместо лична карта или службена легитимација, Турам тргна по најбрзо решение. Го извади телефонот и го побара на гугл неговото име покажувајќи му го на обезбедувањето.