Connect with us

Фудбал

Преговорите траат, платите во Барселона „паѓаат“ за 30 отсто

Адвокатите на каталонскиот тим вчера имале уште една рунда на преговори со играчите во врска со примањата. Како што пишуваат шпанските медиуми, по заминувањето на Жозеп Бартомеу, преговорите тргнале во вистинска насока и се очекува да биде постигнат договор.

Наводно, платите на годишно ниво треба да се намалат за 30 отсто, а тоа значи заштеда од 190 милиони евра. Ова се прави со цел клубот да не влезе во безизлезна состојба. Рокот за конечен договор е наредниот четврток.