Connect with us

Фудбал

Премиер лига: Навивачи на трибините во последното коло

Во последното коло од англиската Премиер лига, на навивачите ќе им биде дозволен пристап до стадионите.

Британската влада најави олеснување на мерките против коронавирусот во мај, па ограничувањата ќе бидат укинати на 17 мај, што значи дека навивачите ќе можат да одат на стадионите за натпреварите од последното коло во Премиер лигата, што се игра на 23 мај.

Како што беше случај оваа есен, бројот на гледачи сепак ќе биде ограничен.

Некои од натпреварите во англиската елита имаа мал број навивачи во оние градови каде имаше мал број заразени лица, но откако бројот значително се зголеми низ Англија, владата им забрани на гледачите да доаѓаат на спортски настани.