Фудбал
Премиер лигата не му дозволи на Клоп утре да го исполни својот сон
Јирген Клоп го направи она што не го сторија неговите многу претходници. Ја донесе англиската титула на „Енфилд роуд“.
Ливерпул беше најдобриот англиски тим оваа сезона и целосно заслужено го прекина „постот“ што траеше 30 години. На „црвените“ утре ќе му биде доделен трофејот наменет за победникот во Премиер лигата.
Во последните неколку недели се споменува можноста Клоп да одигра неколку минути во дуелот со Челси, но раководството на Премиер лигата ги уништи соништата на германскиот стручњак.
„Не, нема шанси“, на смеа одговори Клоп на прашањето дали ќе игра против Челзи.
Кога во 1990 година Ливерпул стана англиски шампион, тогашниот тренер Кени Далглиш играше против Дерби Каунти, па ФА му дозволи да биде дел од тогашната шампионска генерација како играч.
Во случајот со Клоп, раководството на Премиер лигата одлучи да не го дозволи истото сценарио.