Connect with us

Други спортови

Премиерот на Јапонија го отфрли новото одложување на Олимписките игри

Јапонскиот премиер Јошихиде Сука во петокот изјави дека Олимписките игри сигурно ќе се одржат ова лето во Токио и дека не се зборува за ново одложување.

„Јапонија ќе стори сé за да ги направи Игрите целосно безбедни за сите што ќе дојдат во Токио и тие ќе служат како симбол на глобалната солидарност“, рече Сука.

Олимписките игри во Токио во 2020 година се одложени за една година, а нивниот почеток е планиран за 24 јули годинава. Во истражувањето на јапонските медиуми, повеќето Јапонци се спротивставуваат на одржувањето на Игрите во 2021 година и сметаат дека мора да се случи ново одложување или целосно откажување на настаните. Поради доцнењето и коронавирусот, Олимписките игри во Токио ќе станат најскапите летни игри во историјата бидејќи трошоците пораснаа за 2,8 милијарди долари на вкупно 13 милијарди долари.