Connect with us

Фудбал

Пресврт: Салах сега сака да се врати во Африканскиот куп на нации

Египетскиот фудбалер и напаѓач на Ливерпул Мохамед Салах започна со рехабилитација на тетивата и изјави дека ќе направи „се што е можно“ за да му се придружи на Египет на Африканскиот куп на нации.

Салах се врати во Ливерпул во средата на лекување од повредата што ја заработи за време на ремито на Египет со Гана (2-2) пред една недела.

„Вчера почнав програма за лекување и рехабилитација и ќе направам се за што побрзо да бидам подготвен и да се вратам во репрезентацијата како што беше договорено од почетокот“, напиша Салах на социјалните мрежи.

Седумкратниот шампион на Африка, Египет со три бода се пласираше во осминафиналето, а во првиот меч од нокаут фазата в недела ќе се сретне со Конго.