Фудбал
Претерување или не? Халанд бара нереална плата
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд (21) најверојатно ќе направи голем трансфер следното лето.
Феноменалниот норвешки напаѓач може да го напушти тимот од Дортмунд за 75 милиони евра, но клубовите кои сакаат да го донесат ќе мора добро да ги „отворат паричниците“.
Покрај 75 милиони евра како обштетување за Борусија, агентот Мино Раиола бара дури 40 милиони евра за себе, а таткото на Ерлинг, Алф-Инге, исто така сака дел од колачот.
Италијанскиот весник Газета дело Спорт пренесува дека францускиот ПСЖ веќе започнал преговори со Халанд и дека добиле неверојатно барање за плата од фудбалерите.
Покрај надоместокот од 75 милиони, дополнителни пари за Раиола и таткото Халанд, Ерлинг бара нереална сума од 50 милиони евра годишно.
ПСЖ има навистина огромно богатство, но трансферот на Халанд со условите што ги бара овој фудбалер и неговите агенти може да заврши да ги чини повеќе од 300 милиони евра.
Останува да видиме дали Халанд следното лето ќе заврши во Париз или ќе замине на друго место.