Фудбал
Претседателот на Баерн ги прогласи фаворитите во Лигата на шампионите
Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер ги именуваше фаворитите за оваа сезона во Лигата на шампионите.
„Реал Мадрид секогаш треба да биде вклучен во оваа листа. Има и традиционални претенденти – Манчестер Сити, Ливерпул, ПСЖ и Баерн. „Барселона, исто така, собра многу интересен состав кој не треба да се отпише“, рече Хајнер.
Баварците ќе се соочат со Барселона во натпревар од 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра на Алијанц Арената во Минхен.