Тајмаут
Претседателот на Бразилската фудбалска федерација доживотно суспендиран
Претседателот на Бразилската фудбалска федерација, Марко Поло дел Неро, доживотно е суспендиран од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Од ФИФА соопштија дека оваа одлука e донесена откако било утврдено дека Дел Неро земал поткуп.
Ова не е првпат овој 76-годишен фудбалски функционер да има проблеми со законот.
Претходно беше суспендиран во декември 2017 година поради манипулации со медиумските и маркетиншките права, а властите во САД во 2015 година го обвинија за перење пари.
Поради сето ова ФИФА одлучи доживотно да го оддалечи од фудбалот, а покрај тоа Дел Неро ќе мора да плати и казна од еден милион швајцарски франци.