Фудбал
Претседателот на египетскиот сојуз: Салах ќе го пропушти само првиот натпревар на Светското првенство
Претседателот на Египетската фудбалска федерација, Хани Абу Рида, се сретна со Мохамед Салах во Шпанија, каде што најдобриот египетски фудбалер се наоѓа на медицински третмани за повреденото рамо.
Абу Рида им донесе добра вест на сите Египќани. Според него, Салах ќе патува со тимот на Светското првенство во Русија, и ќе го пропушти само првиот натпревар против Уругвај на 15 јуни.
“Закрепнувањето на Салах се одвива одлично и со Божја помош, ќе биде подготвен за средбите против Русија на 19 јуни и Саудиска Арабија на 25 јуни”, изјави Абу Рида.