Фудбал
Претседателот на Лион: Ова е вашиот дом, но …
Холандскиот фудбалер Мемфис Депај скоро сигурно ќе го напушти Лион во јануарскиот преоден рок.
Депај пристигна во Лион од Манчестер Јунајтед пред неколку години и тоа беше вистинскиот потег бидејќи успеа да се врати во вистинската форма. Но, Холанѓанецот верува дека е дојдено време да се збогуваме затоа што тој сака повторно да се обиде да направи чекор напред во кариерата.
Веќе неколку месеци Депај се поврзува со трансфер во Барселона кој сакаше да го донесе и ова лето, но на крајот трансферот не се случи.
Но, како што стојат работите, Депај наскоро ќе отпатува за Барселона каде треба да потпише договор за соработка со Каталонците. Многумина веруваат дека претседателот на Лион, Јан-Мишел Аулас, исто така, го потврди ова со објавува на Твитер.
„Верувам дека секој што го сака Лион се заблагодарува на Мемфис за сè што даде за овој клуб. Ова е твојот дом и можеш да останеш онолку долго колку што сакаш, напиша Аулас, а многумина го сметаат тоа како збогување од Холанѓанецот.
Сепак, дали Депај конечно ќе потпише договор и ќе го напушти Лион, ќе дознаеме во наредниот период.