Connect with us

Фудбал

Претседателот на Наполи: Преговараме со Оспина

Колумбискиот голман Давид Оспина кариерата веројатно ќе ја продолжи во Наполи

29- годишниот Оспина стана дури трет голман на Арсенал со доаѓањето на Лено и очигледно е дека ова лето ќе го напушти Арсенал, а во овој момент најблизу е до заминувањето во Италија.

Тоа го потврди и првиот човек на Наполи Аурелио Де Лауриентис, кој кажа, меѓу другото, дека преговорите со Оспина се во тек.

„Точно е дека Оспина би можел да дојде во Наполи, преговараме, но се уште постојат некои несогласувања околу барањата“, изјави првиот човек на Наполи.

Оспина беше член на Арсенал во претходните четири години.