Connect with us

Ракомет

Прилеп славеше против Борец во последниот натпревар од 12. коло на Суперлигата

Ракометарите на Прилеп денеска беа поуспешни од тимот на Борец со 29:24 во последниот натпревар од 12. коло од ракометната Супер лига.

Тие славеа на домашен терен. На полувремето тимот на Прилеп имаше предност од 15:12, а гостите од Велес натпреварот го играа со младинскиот состав.

По денешниот натпревар Прилеп има 13 поени и се наоѓа на 6. место на табелата, додека Борец е 7. со 10 поени.

Прв останува Пелистер со 30 бодови, додека зад нив се Еурофарм, Рабоник и Пролет со по 22 поени.