Connect with us

Фудбал

Прилепска „Победа“ го потврди опстанокот во првата фудбалска лига

Фудбалскиот клуб „Победа“ на потежок начин, сепак на задоволство на клубот, го обезбеди опстанокот во Првата македонска фудбалска лига. Тимот тоа го направи совладувајќи ја екипата на „Борец“ во саботниот бараж натпревар.

Според в.д претседатлот на клубот Ирена Јакимоска сега се е фокусирано на новиот организационен план, новата игра која треба на Победа да и обезбеди врвна подготвеност за новата сезона.

-Ќе се постави нова организација, систем, нов буџет, ќе се создаде цврст тим . Ќе ги поставиме работите на високо професионално нив зашто интензија е да изградиме тим за европски натпреварувања, рече Јакимоска.

За Тони Мегленски, шеф на стручниот штаб на „Победа“ најбитна е професионалноста во екипата.

– Во контаткт сме со нови играчи ќе направиме правина селекција за да го зацврстиме тимот, рече Мегленски.

Благоја Гешски, еден од играчите на „Победа“ вели дека клубот помина тешка сезона.

– Ќе направиме одличен тим за наредната сезона, рече Гешоски.

Фудбалерите на прилепска „Победа“ го почнаа одморот до почетокот на новата фудбалска сезона во Првата македонска лига.