Connect with us

Фудбал

Принцот на Саудиска Арабија ќе ги награди фудбалерите со по еден автомобил вреден 450.000 долари

Саудиските медиуми пишуваат дека нивните репрезентативци ќе бидат богато наградени за победата над Аргентина. Кралското семејство ќе ја испочитува победата против фаворитите на турнирот со тоа што на секој играч ќе му подари автомобил Ролс-Ројс Фантом, објави саудискиот принц Мохамед бин Салман. Станува збор за најевтиниот модел на Ролс Ројс од сите произведени во 2022 година. Овој автомобил чини 450 илјади долари.