Connect with us

Фудбал

Пристигна понуда за Велбек, но тој не сака да го напушти Арсенал

Трансфер периодот во Англија заврши минатата недела, но клубовите имаат право да продаваат играчи во клубови во чии летниот трансфер период се уште е во тек.

Во однос на засилувањата, англиските клубови завршија оваа година, но јасно е дека некои се уште ќе бидат активни на пазарот, барем за продажба на играчите. Еден од нив е Арсенал, бидејќи на излезната врата на овој клуб има неколку играчи. Англиските медиуми објавија дека Унаи Емери пречкртал пет играчи, вклучувајќи го и Дани Велбек.

Мирор ова утро објави дека Емери го известил Велбек дека нема да смета премногу на него оваа сезона, бидејќи Обамејанг и Лаказет имале предност во нападот. Сепак, проблемот за лондонскиот клуб не е решен, бидејки Велбек не сака да го напушти Арсенал, иако клубот добил многу атрактивна понуда.

Наводно, голем интерес за напаѓачот на Арсенал покажа Галатасарај кој сака да ја заврши работата во наредните денови. Галатасарај веќе го контактираше Арсенал околу Велбек и ги информираше дека сакаат да го донесат во своите редови овој 27-годишен напаѓач. Но, проблемот е што Велбек не сака да ги напушти Емиратите.