Фудбал
Пробив на Најк и Умбро во Бундес лигата
Новата сезона во Бундес лигата ќе ја отворат актуелниот шампион Баерн Минхен и Хофенхајм, а интересно тоа ќе биде единствениот дуел на кој еден тим ќе носи опрема на компанијата „Адидас“.
Откако Хамбург, испадна од првата лига, само Баерн, остана претставник на „Адидас“ во најсилната конкуренција.
Инаку стратегијата на „Адидас“ е да ги спонзорира само најголемите германски клубови, меѓутоа податокот дека во „својата“ Бундес лига остана со само еден тим звучи помалку неверојатно.
Приматот во Бундес лигата го држи „Најки“, оваа компанија ги спонзорира Херта, Лајпциг, Волфсбург, Ајнтрахт, Франкфурт и Аугсбург. „Умбро“ сезонава ќе носат фудбалерите на Шалке, Нинберг и Вердер, а „Пума“ ги спонзорира Штутгарт, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, и Борусија Менхенгладбах.
Манекени на „Јако“ се играчите на Хановер, „Лото“ ќе носат Мајнц и Хофенхајм, Франјбург има договор со „Хумел“, а Фортуна Диселдорф ја носи опремата на „Ухиспорт“.