Connect with us

Фудбал

Проблеми за Англија: Една од првите ѕвезди се повреди

Една од првите ѕвезди на репрезентацијата на Англија, Деле Али се повреди на првиот натпревар против Тунис.

Деле Али излезе од игра во второто полувреме од натпреварот против Тунис откако осети болка во пределот на бутниот мускул.

Англиските медиуми пренесуваат дека тој го пропуштил тренингот на оваа репрезентација, а поради таа повреда веројатно нема да игра против Панама во недела попладне.

Ова секако, може да биде проблем за Англија, со оглед на тоа што Деле Али е навистина важен фудбалер, а доколку не биде на теренот на против Панама, на негово место би требало да игра Лофтус-Чек.

Англичаните го добија првиот натпревар против Тунис, откако Хари Кин постигна два гола, а во случај на победа против Панама би можеле да обезбедат пласман во осмина финалето на коло пред крајот на групната фаза на Светското првенство.