Connect with us

Фудбал

Проблеми за „Граѓаните“ во битката за сезона без пораз

Натпреварот Кристал Палас-Манчестер Сити не само што ја прекина победничката низа на „Граѓаните“, го остави Манчестер Сити и со двајца играчи помалку.

По десет минути игра, Габриел Жесус се пожали на болки во коленото по еден дуел со Таунсенд. Бразилецот продолжи откако доби третман од лекарскиот тим на Сити, но во 22. минута од средбата без контакт со никого седна на тревата.

Лекарскиот тим не можеше ништо да стори овој пат, па Габриел Жесус со солзи во очите го напушти теренот а на негово место во игра влезе Кун Агуеро.

Кон финишот од средбата, гостите останаа и без Кевин Де Брујне, кој беше жртва на еден опасен старт од Панчеон.

Во обид да го спречи контра на гостите, фудбалерот на Кристал Палас остро стартуваше од зад грб со високо крената нога и го покоси Кевин Де Брујне.

Десната нога на Белгиецот беше имобилизирана и тој на носилки го напушти теренот.