Фудбал
Проблеми за Гвардиола и Манчестер Сити
Лоши вести за Манчестер Сити и Пеп Гвардиола во пресрет на дуелот со Вулверхемптон.Во понеделник „Граѓаните“ гостуваат, а Гвардиола нема да може да смета на најдобриот стрелец во историјата на овој клуб. Серхио Агуеро.
-Знаевме дека повредата е сериозна. Долго е отсутен и не е од оние играчи кои брзо се опоравуваат. Мислам дека ќе биде подготвен за еден до два месеци, вели Гвардиола.
Агуеро се повреди на 22 јуни на мечот против Барнли.