Connect with us

Фудбал

Проблеми за Јувентус пред утрешниот меч со Наполи, повторно коронавирус

Дуелот помеѓу Јувентус и Наполи од 3.коло како што е познато на почетоко на сезоната беше одложен поради голем број на позитивни случаи со коронавирус во тимот на наполитанците. Овој меч треба да се одигра утре. Но, коронавирусот повторно прави проблеми, овој пат во тимот на Јувентус. Последен кој доби позитивен тест е Бернандески и тој веднаш замина во изолација. Од Јувентус соопштија дека фудбалерот се чувствува добро и дека нема никакви симптомои.

Бернандески е седмиот репрзентативец на Италија кој е позитивен на тестирањето по завршувањето на репрезентативните обврски.

Претходно позитивни тестови од тимот на Јувентус добија Бонучи и Мерих Демирал.