Фудбал
Проблеми за Милан: Најдобриот играч го напушти Миланело на патерици
Во четврток, фудбалерите на Милан ќе играат на гости против Селтик во натпреварот од првото коло во групната фаза од Европската лига.
„Росонерите“ ќе патуваат доста ослабени до Глазгов, бидејќи Стефано Пиоли откри дека нема да може да смета на Хакан Чалханоглу. Турскиот играч првично е еден од најдобрите во Милан и неговото отсуство секако е голем удар.
Чалханоглу се здоби со повреда на тренингот утрово и го напушти Миланело на патерици. Според првите информации, станува збор за повреда на глуждот, а деталните прегледи ќе покажат дали повредата е од посериозна природа.
Сигурно е дека Турчинот нема да игра против Селтик во четврток, а како што стојат работите, тој би можел да го пропушти големото дерби меѓу Милан и Рома, што ќе се одигра во понеделник на Сан Сиро.