Фудбал
Проблеми за Зидан пред мечот во ЛШ, без двајца најдобри
Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан има проблеми пред мечот со Шахтјор во рамките од Лигата на шампионите кој се игра вечерва со почеток во 18:55 часот. Како што пишуваат шпанските медиуми Еден Азар, кој имаше повреда ќе одмора до ноември, бидејќи не сакаат да ризикуваат со него, а против украинскиот тим нема да настапи ниту капитенот Серхио Рамос кој со Кадиз заработи повреда.
-„Рамос не може нормално да тренира и затоа не сакаме да ризикуваме“, кажа Зидан пред дуелот со Шахтјор.