Фудбал
Продолжува хаосот во Џенова, нови тројца позитивни на коронавирус, сега се вкупно 19 заразени
Бројот на позитивни на коронавирус, односно Ковид 19 во Џенова се зголеми. Со новите тестирања уште тројца фудбалери добија позитивен тест, па сега се вкупно 19. Добри вести се тоа што ниту меѓу новите позитивни не е нашиот Горан Пандев. Како што информира Газета дело Спорт, играчите Петар Брлек, Миха Зајц и Валтер Бресан добиле позитивни тестови. Меѓу заразените од претходно има и членови од стручниот штаб.
Мечот со Торино како што е познато нема да се одигра.